Рускиот претседател Владимир Путин утрово отиде во Херсон и Луганск да ги посети војниците што се борат во Украина, соопшти Кремљ.
Путин откако бил информиран за ситуацијата на теренот, повторно со хеликоптер отишол во седиштето на руската национална гарда во источниот регион Луганск.
Тој во двата штаба на армијата им го честитал православниот Велигден и им подарил икони.
Русија во септември ги анектираше регионите Херсон и Луганск, како и регионите Доњецк и Запорожје.
Ова е втора посета на Путин во областите што ги окупираше во Украина. Првпат тоа го направи во март.