Путин вели дека сериозно ги сфаќа коментарите на Трамп за завршување на конфликтот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сериозно ги сфатил коментарите на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може да донесе брз крај на борбите во Украина.

-Фактот што Трамп како претседателски кандидат вели дека е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа доста сериозно, рече Путин на прес-конференција во Астана.

Тој додаде дека „не е запознаен“ со конкретните предлози на Трамп.