Путин бесен по одлуката на членка на НАТО да ја избрише „црвената линија“ за Украина: „Игра со оган“

Шефот на чешката дипломатија денеска изјави дека неговата земја „нема проблем“ Киев да користи муниција доставена од Прага за да гаѓа цели на руска територија.

– Чешка нема проблем да ја брани Украина од агресори – изјави Јан Липевски пред состанокот на министрите на НАТО во главниот град на Чешка.

Ова ги вклучува „нападите кои нужно мора да се извршат на руска територија“, продолжи Липевски.

– Тоа е правилото за испорака од Чешка – рече тој.

Министрите за одбрана на Европската унија претходно во вторникот не успеаја да постигнат консензус околу дозволувањето на Украина да користи западно оружје за да ја нападне руската територија, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека е „игра со оган“.

Членките на ЕУ веќе се согласија колективно да обезбедат воена помош за Украина. И додека некои земји и обезбедуваат оружје на земјата зафатена од војна со минимални барања, други го прават тоа под услов оружјето да се користи само на територијата на Украина.

Киев тврди дека мора да ја таргетира Русија бидејќи таа ја напаѓа Украина од нејзина територија.