Владимир Путин – претседателот на Русија и нареди на Владата да состави и во рок од 2 дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.
„Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица“ – се вели во соопштението.
Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.