Пукотници кон воз во подземната железница во Виена
Полиција во Виена синоќа по 22 часот реагирала во подземната станица „Friedensbrücke“ во Виена откако непознат маж пукал од пушка во воз што доаѓал во метрото, а веднаш потоа избегал.
Според информациите, искршени биле две стакла на влезната врата на еден од вагоните на подземната железница.
Од полицијата го потврдија случајот, истакнувајќи дека „не е сосема сигурно“ дали истрелот бил испукан од пушка бидејќи на местото на настанот не биле пронајдени куршуми.