Престрелка во Рим, три жени загинаа, четири лица се повредени

Денеска во Рим изби престрелка во која загинаа три жени, а според првичните информации четири лица се повредени.

Според првичните информации, вооружен маж извадил пиштол и почнал да пука во соба за време на состанок на станари од станбен блок во Рим, објавија во неделата италијанските медиуми.

Според првичните информации, напаѓачот е приведен по пукањето кое се случило во кафеана во квартот Фидене каде се одржувала средба.

Она што се знае е дека се работи за 57-годишен маж, но се уште не е познат мотивот за нападот.

Според информациите, четири лица се повредени, а некои од нив се во тешка состојба, пренесува RAI News.

Карабинери и четири возила на Брза помош се на лице место, а мажот е приведен во полициска станица.