Пукање пред Општина Куманово, ранет кандидат за советник, полицајци со панцири ја блокираа општината

Престрелка попладнево се случила пред зградата на Општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково.

Престрелка попладнево се случила пред зградата на Општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково.

Според информации од очевидци за порталот кумановски муабети напаѓачот избегал, иако огромен број полициски службеници веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од локацијата.

Големи полициски сили со панцири и автоматско оружје се распоредени околу зградата на Општина Куманово по денешната престрелка. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.

– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Повредениот од денешното пукање во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје, информираше за МИА, директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски.

-Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон животна опасност. Со возило на општа болница Куманово е пренесено на клиниките во Скопје, изјави директорот Стошевски.

Во меѓувреме, од Ургентен центар при ТОАРИЛУЦ, потврдија за МИА дека кај нив е донесено повреденото лице при пукањето во центарот на Куманово. Дополнително ќе соопштат повеќе информации за повредениот.

Фото: Кумановски муабети