Пукање пред ЛГБТИ бар во Братислава: Тројца мртви меѓу кои и напаѓачот

Осомничениот вооружен напаѓач бил пронајден мртов во четвртокот наутро, соопшти полицијата и повика од јавноста да биде трпелива додека се испитува можноста дали станува збор за злосторство од омраза.

Локалните медиуми објавија дека тој имал објави на социјалните мрежи во кои укажува дека има ставови против ЛГБТИ-заедницата и Евреите, а идентификуван е и како син на поранешен кандидат на екстремно десничарска политичка партија. Две лица загинаа, а едно е рането во синоќешното пукање пред ЛГБТИ бар во главниот град на Словачка, Братислава, пишува Би-би-си.

Осомничениот вооружен напаѓач бил пронајден мртов во четвртокот наутро, соопшти полицијата и повика од јавноста да биде трпелива додека се испитува можноста дали станува збор за злосторство од омраза. Информациите за мотивот на напаѓачот се уште не се објавени, но сепак, локалните медиуми објавија дека тој имал објави на социјалните мрежи во кои укажува дека има ставови против ЛГБТИ-заедницата и Евреите.

Младиот човек, исто така, во словачките медиуми е идентификуван како син на поранешен кандидат на екстремно десничарска политичка партија. Премиерот на Словачка, Едуард Хегер, денеска го осуди нападот, велејќи дека секоја форма на екстремизам е неприфатлива.