Пет лица се ранети во голема престрелка што се случила денеска пред бар во американскиот град Милвоки, соопшти полицијата.
Полицајците добиле повик во 01:45 часот по локално време да интервенираат во северниот дел на најголемиот град во американската сојузна држава Висконсин, а како што додава полицијата, „се очекува ранетите да преживеат“.
Полицијата не ги соопшти имињата на ранетите, но соопшти дека се на возраст меѓу 28 и 40 години.
Тежината на повредите не е позната, а полицијата трага по напаѓачите, јави АП.