Пукање на хокеј натпревар во САД, има најмалку двајца загинати

Најмалку двајца загинати, а тројца тешко ранети по пукотниците што се случија за време на младински хокеј натпревар во градот Паутакает, во американската сојузна држава Род Ајленд, соопшти полицијата.

Еден од загинатите е напаѓачот, кој по нападот изврши самоубиство.

Според информациите, напаѓачот најверојатно пукал кон членови на сопственото семејство.

Пукањето се случи на трибините зад една од клупите за играчи, додека натпреварот беше во тек.

Еден од луѓето во публиката се обидел да го разоружа напаѓачот. Токму таа интервенција веројатно спречила уште поголема трагедија.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како Роберт К. Дорган, кој се претставувал и како Роберт Еспозито.

Тројцата ранети со прострелни повреди се хоспитализирани во критична состојба.

На натпреварот учествувале ученици од повеќе училишта, но сите ученици се безбедни и неповредени, потврдија училишните власти.