Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се ранети во престрелка во Мексико, соопштија властите.
До пукањето дошло рано во неделата кога група вооружени напаѓачи упаднале на забавата одржана во поранешна хациенда и ги застрелале гостите.
Престрелката се случила во градот Салватиери, а на забавата сите биле млади луѓе, пренесуваат медиумите.
Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се префрлени во различни болници во општината, без да дадат повеќе детали за нивната здравствена состојба.
Gunmen open fire at party in Salvatierra, Mexico, killing 11 people and injuring 12, officials say#Gunmen #Mexico pic.twitter.com/jJK3GKgZgs
— Fun Deals (@retweetingbreak) December 17, 2023