
Пукање во Хрватска: полицаец убиен во кафе-бар
Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово дошло до пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми.
Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово дошло до пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми.
Од Полициската управа Крапинско-загорска соопштиле дека маж (52) со огнено оружје усмртил полициски службеник (52), кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува Index.hr.
Потоа тој со огнено оружје пукал во себе и со хеликоптер бил пренесен во Клиничката болница „Дубрава“, а степенот на неговите повреди засега не е познат.