Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија.
Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека повеќе агенции за спроведување на законот, како и противпожарни служби и служби за итни случаи, биле испратени во средното училиште околу 10:30 часот кога било потврдено пукањето.
Најмалку едно лице е во притвор, соопшти канцеларијата, додавајќи дека неколку жртви биле итно пренесени во болница со прострелни рани.
„Полицијата одговори на инцидентот во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија, кое е на околу 45 милји од Атланта.
Исто така, полицијата го обезбеди местото на настанот и учениците беа ослободени околу 11:30 часот“, изјави портпаролот на училишната област Бароу за The Post.
„Ги насочив сите расположливи државни ресурси да одговорат на инцидентот во средното училиште и ги повикувам сите граѓани на Џорџија да се придружат на моето семејство во молитва за безбедноста на нашите ученици, како во округот Бароу, така и низ државата“, рече гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. .
Претседателот Џо Бајден е информиран за пукањето во средното училиште Апалачија во Виндер, Џорџија, соопшти Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен.
Белата куќа објави во соопштението дека Бајден бил информиран од неговата советничка за домашна безбедност Лиз Шервуд-Рандал.
„Администрацијата ќе продолжи да се координира со федералните, државните и локалните официјални лица додека добиваме повеќе информации“, соопшти Белата куќа.