Пукање во средно училиште во Сараево, ранет еден ученик
Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата
Утрово во 8 часот во дворот на средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик. Како што јавуваат медиумите полициските службеници излегле на терен и констатирале дека еден ученик, малолетник употребил огнено оружје стрелајќи кон друг малолетник кој се здобил со повреда на ногата.
Според регионалните медиуми во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) во моментов се проценува степенот на повредите на повредениот малолетник, додека осомничениот малолетник е приведен од страна на полицијата, јавува Дневни аваз.
Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.
„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.