Пукање во Сараево: Малолетник итно пренесен во болница

Еден малолетник е повреден утрово во пукотница што се случила околу 4 часот и 30 минути утринава во месноста Стари Град во Сараево.

Според информации, малолетникот се здобил со прострелна рана и се пријавил во УКЦ во Сараево, јавува Српскаинфо.

Приведено е едно лице, кое се сомничи дека е можен напаѓач.

Според Аваз, на подрачјето на општина Стари Град при оперативни активности било затекнато машко лице М.А.

Ова кривично дело се карактеризира како тешка телесна повреда, предизвикување општа опасност и недозволено држење оружје.

Во просториите на МУП на распит е предаден М.А., а за се е известен и дежурниот кантонален обвинител.