Пукање во САД: Две лица загинаа, речиси 30 се повредени

Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во пукотница на прослава синоќа во Балтимор на источниот брег на САД, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека се уште не се разјаснети мотивите за нападот, а сторителот не пронајден. Органите на редот добија повик за помош нешто по полноќ.

Текстот продолжува под огласот

Полицајците нашле многу луѓе со прострелни рани на местото на настанот, изјави началникот на полицијата Рич Ворли. Загинаа 18-годишна девојка и 20-годишен маж, а тројца повредени се во критична состојба. Околностите на драмата се уште не се разјаснети, а властите се уште не идентификувале осомничен.

Пукањето се случило на годишна прослава за жителите на населбата Бруклин Хомс, изјави градоначалникот на Балтимор Брендон Скот за Си-Ен-Ен, осудувајќи ја растечката нелегална сопственост на оружје во земјата.

Градот со 575.000 жители, недалеку од главниот град Вашингтон, има една од највисоките стапки на убиства во земјата. Во САД, секој трет возрасен поседува барем едно огнено оружје, а речиси секој втор живее во домаќинство со пиштол.

Скоро 44.357 луѓе минатата година ги загубиле животите во САД од огнено оружје, од кои 24.090 извршиле самоубиство, според порталот Gun Violence Archive.