Едно лице е убиено, а друго рането во престрелката што се случила во Приштина, соопшти косовската полиција.
Жена и маж се здобиле со прострелни рани во престрелката што се случила синоќа во Приштина, околу 21 часот и 15 минути при што мажот им подлегнал на повредите, додека жената е пренесена во Клиничкиот болнички центар за лекување, се вели во полициското соопштение кое го пренесе Коха.
Полицијата соопшти дека се уште не се идентификувани осомничените инволвирани во овој случај.