Пукање во клуб во Белград, три лица се повредени

Три лица се повредени, од кои едниот е потешко повреден откако ноќеска имало пукање пред клуб во Белград.

Според првичните информации сѐ уште непозната личност излегла од блиската шума и дошла до ресторанот Коноба.

Непознатиот му задал неколку удари во глава на 41-годишна личност, по што почнал да пука кон 40 годишен маж кој е погоден во левата надколеница. Потоа напаѓачот пукал и во 33 годишен маж кој бил погоден во нога.

Во престрелката е ранет припадник на обезбедувањето на клубот, а според првичните информации припадниците на Единицата за интервенции влегле во клубот и привеле неколку лица. Но сѐ уште се трага по напаѓачот

Од Брзата помош за РТС рекле дека еден од настраданите е тешко повреден.

„По полноќ, поточно пет минути пред еден часот, добивме повик дека е пријавено пукање на сплавот. Еден од пациентите кој е донесен е тешко повреден, пренесен е во дежурниот објект, а дијагностиката ќе покаже колкава е неговата повреда“, изјавил д-р Александар Чокановиќ од Итната помош.