Пукање во близина на училиште во Црна Гора, има повредени
Едно лице е тешко повредено во престрелката што се случила синоќа во Тузи, во близина на мешаното средно училиште „25 Мај“, соопшти Управата на црногорската полиција.
Осомничениот за ова кривично дело е приведен, а од него е одземен пиштол „магнум 357“, кој ќе се вештачи во Центарот за судска медицина при Полициската управа.
„Истиот ден во Клиничкиот центар на Црна Гора е примено едно лице со повреди во пределот на левото стапало предизвикани од дејство на проектил испукан од огнено оружје, при што му се констатирани тешки физички повреди – фрактура на коските на стапалото“, се наведува во полициското соопштение.
Во врска со пукањето, додаваат, сослушани се четири лица, а идентификуван е и А.У.(23), кој е осомничен дека употребил оружје.
А.У. е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривично дело недозволено држење оружје и распрскувачки материи, се наведува во соопштението.