Синоќа околу 21 часот во Арачиново имало пукање при што е повредено едно лице, информира МВР.
„Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с. Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – велат од МВР.