Пукање во Австралија – шестмина убиени, меѓу нив двајца млади полицајци

Најмалку шест луѓе се убиени, меѓу нив и двајца млади полицајци, во пукање во австралискиот град Виембел, на 300 километри западно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд, соопшти тамошната полиција. Престрелката се случила вчера, во попладневните часови, пренесуваа медиумите.

„Вендаш откако полицајците пристигнале на имотот ги дочекал оган и немале шанси да возвратат. Двајца полициски службеници ладнокрвно се убиени“, изјави претседателот на локалниот синдикат на полицајците, Ијан Ливерс.

Едниот убиен полицаец имал 26, а неговата колешка била на 29-годишна возраст.

Покрај нив, убиен е и 58-годишен маж од соседството, а откако дошло полициското засилување, околу 22.30 часот по локално време, убиени се и тројцата осомничени, двајца мажи и една жена, сите на возраст од 45 до 47 години.

Идентитетот на осомничените не е засега објавен, но според сознанијата на дневниот весник „The Australian“, станува збор за поранешен локален учител, неговиот брат и сопругата на братот, сопственици на имотот на кој се случила трагедијата.

Австралискиот премиер Ентони Албанеза настанот во Вименгил го опиша како „ужасен“.