Пукано е во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

Утринава, во скопската населба Лисиче е пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, неофицијално дознава „360 степени“.

Од МВР потврдуваат дека се случил инцидент, но повеќе детали најавија во текот на денот.

26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, беше пријавен за исчезнат на 3 март.

Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага.

Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, досега во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.