ПСЖ ја освои Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен е новиот европски клупски шампион! Парижаните го победија Интер во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА со резултат од 5:0 (2:0).

Пари Сен Жермен е новиот европски клупски шампион! Парижаните го победија Интер во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА со резултат од 5:0 (2:0).

„Алијанц Арена“ во Минхен е местото каде што францускиот клуб го постигна најголемото достигнување во својата историја.

Избраниците на Луис Енрике ја запечатија судбината на Интер по само 20 минути. Ашраф Хакими ја донесе првата промена на семафорот по 12 минути, а осум минути подоцна Дезире Ду додаде уште еден гол и му донесе двојна предност на својот тим.

Францускиот напаѓач постигна уште еден гол во второто полувреме, Хвича Кварцкелија додаде четврти во 73-тата минута, а 19-годишниот Сени Маџулу му ја донесе на ПСЖ „петардата“ што воедно го официјализираше најубедливиот триумф во историјата на финалињата на Лигата на шампионите.

Францускиот тим ја комплетираше „тројната круна“ – по шампионатот и националниот Куп, ПСЖ ја освои и Лигата на шампионите.

Пари Сен Жермен по втор пат ќе ја донесе дома најпрестижната награда во клупскиот фудбал, откако претходно Франција имаше само еден шампион – Олимпик Марсеј.