ПСЖ со нова тактика – доведоа тренер и шест фудбалери за само 127 милиони евра!

Пари Сен Жермен има нова тактика кога е во прашање преодниот рок.

Пари Сен Жермен го раскина договорот со тренерот Кристоф Галтие и се впушта во голема реконструкција. Во секој момент се очекува да го потврди доаѓањето на Луис Енрике, поранешниот селектор на шпанската репрезентација и тренер на Барселона, а со него во исто време ќе пристигнат и големите „шестка“ засилувања!

Интересно е што ПСЖ ќе потроши „само“ 127 милиони евра за обештетувањето на шест нови играчи, што е навистина мала сума ако се земат предвид цените по кои се „таргетираат“ клубовите денес, а за разлика од некои претходни години – таму не се грандиозни имиња. Како да се каже, и ПСЖ врти страница по неуспехот со Меси, Нејмар и Мбапе во нападот, па со сосема друга стратегија ќе се обиде да постигне успех.

Најскап од шесте засилувања ќе биде Мануел Угарте (22) од Спортинг кој ќе чини 60 милиони евра, но во Париз се убедени дека овој борбен Уругваец вреди повеќе. Уште едно големо засилување е Лукас Ернандез (27) од Баерн за само 45 милиони евра, но со ризик бидејќи Французинот имаше неколку тешки повреди во кариерата и не можеше да го достигне својот целосен потенцијал во Баерн.

Тука е и офанзивниот играч за врска од Јужна Кореја, Канг-Ин Ли, кој доаѓа од Мајорка за 22 милиони евра, а останатите играчи пристигнуваат без обештетување. Во прашање се Милан Шкрињар од Интер, со кого ПСЖ одамна се договори, Марко Асенсио од Реал Мадрид, кому му истече договорот, односно најмалку познато име е Шер Ендур (18). Станува збор за млад италијански репрезентативец кој настапуваше за младинскиот тим на Бенфика и се вели дека е голем талент.

Да потсетиме, клубот го напуштија Лионел Меси и Серхио Рамос, кои во иднина ќе настапуваат во Интер од Мајами, а се очекува Луис Енрике по доаѓањето да направи сериозен рез и да се откаже од голем број играчи.