
ПСЖ и Челзи во дуел за светската клупска круна
Европскиот првак ПСЖ или премиерлигашот Челзи ќе биде победник на првото издание на Светското клупско првенство кое се игра со 32 екипи.
Европскиот првак ПСЖ или актуелниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА Челзи ќе биде победник на првото издание на Светското клупско првенство кое се игра во САД со нов формат со 32 екипи. Двете екипи остварија три победи во нок аут фазата, а воедно и двата тимаа имаа по две победи и еден пораз во групната фаза.
– Ова е одлично постигнување. Имавме неверојатна сезона, завршивме во ТОП 4 во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига на УЕФА и сега сме финалисти на ова натпреварување. Тоа не прави среќни, но одиме натпревар по натпревар и се надевам дека можеме да завршиме како победници, изјави менаџерот на Челзи Енцо Мареска.
Од друга страна францускиот првак стигна настапува во одлична форма.
– Имаме посебна сезона, а ова е уште еден чекор, а за ривал имаме многу добар тим како Челзи. Сега е време за добра подготовка, сакаме да испишеме историја за нашиот клуб, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
Челзи на последните 15 натпревари има 13 победи, додека ПСЖ има серија од 10 победи на 11 натпревари притоа на 7 од 8-те дуели нема примено гол.
Натпреварот се игра на Метлајф стадионот во Њу Џерси со почеток во 21 часот по македонско време.