ПСЖ го продава Мбапе, цената за сите е 150 милиони, освен за Реал Мадрид!

Килијан Мбапе би можел да игра само следната сезона во Пари Сен Жермен, а потоа да го напушти клубот без обештетување.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата потврди дека нема намера да ја искористи опцијата за автоматско продолжување на договорот до јуни 2025. Тоа значи дека парижаните ќе направат се за да го продадат Мбапе во овој преоден рок за да заработат на својот најдобар играч. Најголем интерес покажа Реал Мадрид.

Мбапе и Реал се поврзуваат подолго време, а дури минатото лето трансферот на францускиот напаѓач во шпанскиот клуб беше претставен како завршена работа. На крајот, Мбапе прифати околу 50 милиони евра годишно од ПСЖ и околу 100 милиони евра бонус за потпис и остана во Париз.

Шпанските медиуми пренесуваат дека сопствениците на ПСЖ се подготвени да дадат приватна понуда ни помалку ни повеќе од 150 милиони евра, со тоа што Реал не би бил прифатен во таа сума. Се зборува дека односите меѓу двата клуба се лоши, но и дека единствена желба на Мбапе е да замине во Реал.

Мбапе одигра 260 натпревари за ПСЖ со учинок од 212 гола и 98 асистенции.