„Процесот на интеграција на Србија во ЕУ треба да се запре“
Блерим Вела – шефот на кабинетот на претседателката на Косово ја повика Европската унија да го запре процесот на интеграција на Србија откако Србија и Русија на маргините на Генералното собрание на ОН потпишаа договор за усогласување на надворешната политика.
Тој на Твитер напиша дека Србија не ја усогласува својата надворешна политика со ЕУ и нејзините земји-членки во однос на Украина.
„Србија работи на натамошно усогласување на својата надворешна политика со Русија. Србија не успева да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и нејзините земји-членки во однос на Украина. Мора да се запре влезот на Србија во ЕУ. Во таков решавачки момент за Европа, веќе не треба да има два збора“ – пишува Вела.
Министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Никола Сељаковиќ и Сергеј Лавров, на маргините на 77. заседание на Собранието на ОН потпишаа договор за координација на надворешната политика.