Проф. Шишовски: Политичките елити го третираат народот како што се третира куче

Уште пред да почне изборната кампања ги видовме првите кампањски билборди, кои визулено беа на најниското, најбаналното, најпростото ниво – они, ние. Ако гласате за нив, и левата страна беше црно-бела, ако гласате за нас – во боја. Значи за нив, лошо, за нас – добро. Тоа значи дека политичките елити го третираат народот како што се третира куче, вели за „Трилинг“ Универзитетскиот професор, Јордан Шишовски.

„Фуј тоа, браво, добро куче, браво, еве ти колаче“, вели Шишовски и додава дека поради тоа што во земјава институциите се слаби, на некој начин луѓето бараат цврсти лидери кои ќе удрат на маса.

„Но цврстите лидери никогаш не се грижат за системот ниту за граѓаните, туку тоа се личности со болни нарцисоидни особини чија цел е вниманието да биде свртена само кон нив и нивниот карактер и личност“, додава професорот.