Проф. Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, не правна грешка

➡ Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката, изјави Калајџиев.

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“.

„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави Калајџиев.

Тој посочи дека сите правни авторитети се сложиле дека таква правна конструкција „не може да издржи“, но Обвинителството сепак инсистирало на неа.

„Згора на тоа, обвинителите кои ја туркаат ваквата теорија дури и се унапредуваат во кариерата,“ додаде тој.

Калајџиев оцени дека уште поголем проблем е тоа што судот нема храброст да го отфрли „широкото обвинение“ и да испрати јасна порака дека такви нарачани постапки не можат да поминат.