Проф. Калајџиев: Мицкоски се меша во трагедијата за политички поени и да избегне морална одговорност

Професорот по кривично право на УКИМ, Гордан Калајџиев, вели дека не е многу оптимист од досегашните истраги околу трагедијата во Кочани. Тој наведува пет причини зошто мисли така, а како прва го наведува мешањето на премиерот Христијан Мицкоски во истрагата.

Во објава на Фејсбук Калајџиев пишува:

„Јас не сум толку оптимист за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегџиќ) главно заради пет работи:

1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени, а особено да избегне лична морална одговорност;

2. Рано е да се заклучи дали е професионално одработено

3. МВР и Јавното обвинителство тераат не многу координирано (МВР скока како прле пред магаре – ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води ЈО;

4 Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери;

5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават“.