Министерството за здравство информираше дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.
Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.
Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.
Директорката на „Козле“ ќе биде разрешена, се чека потпис на Таравари