Професорката Елка Јачева-Улчар се чуди на креаторите на јавното мислење кои пред 5 години беа дел од кампањата за промена на името, како тоа денес без срам се претставуваат дека гордо стоеле на браникот на Македонија.
„Од вчера гледам едночудо професори, новинари, дипломати – од чии хвалоспеви за промена на името пред 5 години, уши затињав и црева истурав – како сега гордо застанале на браникот на Македонија. Па си мислам – глупави беа тогаш, а сега се просФетлија или да се рехабилитираат сакаат? Јас не им заборавам, а вие – како си сакате!“ – напиша Улчар на Фејсбук.