Професор од финки на Сител го објасни нападот на податоците во ФЗОМ: Не би сакал да нема бекап

Професорот Орце Симов од ФИНКИ на Сител го објасни нападот на податоците во ФЗОМ.

-Станува збор за напад во кој што информационите системи на жртвата се криптираат и сите компјутерски системи и фајлови се криптираат, односно изменета е формата на фајловите и тие не се во нивната првобитна состојба и не можат да се користат. – објасни Симов.

Според него Фондот не може да пристапи до податоците и потребно е да дојде до клучот за нивно повторно користење.

Во моментов клучот е кај напаѓачите.