Откако денеска беше обелоденето дека пристигнал обдукциоскиот наод за смртта на Вања и Панче, но нема да биде достапно за пошироката јавност, ваквите теми ги дискутиравме со професорот Дума во Трилинг претходната недела.
“Обдукцијата не може да одговори кој го извршил убиството, но може да утврди како е извршено одземањето на животот, со какви средства. Може да утврди колку време е надживувањето за секоја поединечна повреда. Треба да одговори за причините на смртта. Ваквите сознанија треба обвинителот да ги добие”, објасни проф д-р Алексеј Дума.
Тој е поранешен директор на Институт за судска медицина, а во неодамнешното гостување во Трилинг тој зборуваше за оваа актуелност.
Според проф. Дума треба да се земе предвид дека за време на предистрагата се добиваат цело време нови информации и се отвораат нови прашања.
“Не треба експертите да велат „можеби“ или „мислам“ не. Тие треба да анализираат докази, потенцираше Дума.
Извештајот од судска медицина за убиството на на 14 годишната Вања Ѓорчевска пристигна на адресата на Основното јавно обвинителство. Сите добиени анализи за смртта на девојчето по направената обдукција се испратени кај обвинителот кој ја води истрагата за овој предмет, потврдуваат од ОЈО Скопје.Оттаму дополнителни информации околу извештајот не даваат, бидејќи истрагата се уште е во тек.
Обдукцискиот извештајот кој денес е достапен до Обвинителството е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот. Кога настапила смртта на Вања и под кои околности се дел од прашањата на кои одговор треба да даде судска медицина.