Протест се одржа денеска со почеток во 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на крстосницата кај Сити Мол за загинатата 24-годишна Викторија Николова од Радовиш
Нејзините родители, голем број нејзини роднините, пријатели и познаниците на мирен протест палеа свеќи и оставија свежо цвеќе на локацијата каде девојката го загуби животот откако на неа налета автомобилуправуван од 22-годишно момче.
На протестот се придружија и десетици скопјани кои се сериозно загрижени за безбедноста во сообраќајот во главниот град, ако се има во предвид дека во последните 10 дена во главниот град, освен Виктоирја, во сообраќајки настрадаа уште две лица.
Низ солзи, мајката на Викторија прашуваше: „Каде ќе оди сега сама? Зошто ни ја зедоа?
„Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“ соопштија организаторите на протестот.