Протест на мостот „Близнаци“ поради депонијата Вардариште

Граѓаните порачаа дека институциите мора веднаш да најдат решение за дивата депонија Вардариште, бидејќи илјадници граѓани кои живеат во овие населби немаат пристап до чист воздух со години.

Повеќе граѓани се собраа вечерва и одржаа протест со блокада на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба и побараа да се најде трајно решение за депонијата Вардариште.

Протестите се одржуваат откако започнаа пожарите во дивата депонија кај Вардариште, по што следеше загадување на воздухот во Скопје.

Граѓаните порачаа дека институциите мора веднаш да најдат решение за дивата депонија Вардариште, бидејќи илјадници граѓани кои живеат во овие населби немаат пристап до чист воздух со години. Во изминатиот период, избувнаа повеќе пожари во Вардариште и депонијата Дрисла, а последно се запали и фабрика за складирање на отпад во Трубарево, по што воздухот во главниот град беше дополнително загаден.