Протест на академската заедница, блокирана раскрсница пред Владата на Србија
Иницијативата „Бунтовен универзитет“ продолжува со блокирање на улици во Белград во близина на зградата на Владата и според најавите, ќе трае до исполнување на барањата доставени вчера до Владата на Србија.

Бунтовниот универзитет бара Работната група за изготвување на новиот Закон за високо образование да се распушти и да се отвори јавна и инклузивна дебата за тоа.
Барање е и откажување на незаконските измени на Правилникот за стандардите за работа на универзитетите и санирање на нивните последици, како и усвојување на буџетски квоти за прием на факултетите најдоцна до крајот на јуни.
Барајќи „зачувување на слободата и автономијата на универзитетите“ во Србија, членовите на академската заедница се собраа вчера на протест пред Владата во Белград.
„Ова не е борба само за универзитетот, туку за целото општество“, најавија организаторите на протестот.
На крстосница пред зградата на Владата поставени се шатори, а насобраните повремено прават бучава.