
Протест на аеродромци за загадувањето од Вардариште: „Премиерот дише ист или различен воздух“
Дел од присутните граѓани носеа и транспаренти, а на еден од нив, како што пренесе телевизијата, можело да се прочита натпис „Премиерот дише исти или различен воздух“ - Станува збор за алузија на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој коментирајќи ги последиците од пожарот во депонијата „Дрисла“ рече дека иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак, испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни.
Жители на скопската општина Аеродром и денеска излегоа на протест на кој го искажаа својот револт поради загадувањето на воздухот кој доаѓа од дивата депонија Вардариште, каде пред десет дена избувна голем пожар.
Иако, пожарот е изгаснат, во оваа општина со денови се чувствуваше непријатна миризба на чад од изгорени материјали, од кои некои и токсични, што предизвика револт кај граѓани од овој дел на главниот град.
Протестот и денеска се одржа на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, конкретно пред мостот „Киро Глигоров“.
Пренесувајќи ја атмосферата од денешниот собир, кој е на иницијатива на граѓанската организација „Стоп за Вардариште“, телевизија Телма објави дека за разлика од протестите кои се одржуваа претходните денови на овој можат да се слушнат и свирежи и пораки до надлежните дека депонијата Вардариште повеќе не смее да постои и дека проблемот мора да се реши под итно.
Дел од присутните граѓани носеа и транспаренти, а на еден од нив, како што пренесе телевизијата, можело да се прочита натпис „Премиерот дише ист или различен воздух“ – Станува збор за алузија на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој коментирајќи ги последиците од пожарот во депонијата „Дрисла“ рече дека иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак, испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни.
Во тој контекст, жителите на Аеродром кои излегоа на денешниот протест упатија порака до надлежните дека истиот воздух го дишат и тие и дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем.
„Јас 40 години живеам во оваа населба, 30 години ние сме со загаден воздух. Нашите деца не можат да излезат надвор, ние не можеме да отвориме прозори. Веќе ни е дојдено преку глава. Доста е веќе ветувања, ветувања и само ветувања. Секој како ќе седне во фотеља веќе заборава што ветил. Секој втор е болен од канцер, знаете ли вие што е тоа“,nвели жителка на Аеродром во изјава за Телма.
Идентичен е ставот и на друг жител на населбата, кој порача дека за проблемот и неговото решавање треба да се прашаат надлежните.
„Па јас мислам дека и тие дишат ист воздух и подобро нив да ги прашате. Да функционира граѓанската непослушност не би било вака“, вели тој.