Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
Организаторите по едноминутно молчење најавија дека бараат пред се да се отстранат ознаките за тајност од целата документација, и побараа политичка и кривична одговорност за смртта на 15 лица на Железничката станица.
Денеска се навршува еден месец од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Граѓаните на Нови Сад се собраа на раскрсницата кај станицата во 11 часот и 52 минути, точно кога се случи падот, по што започнаа протестна прошетка. Се бара отварање на документите и разрешување на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Протестот го организираат „Став“ и „Свиќе“, а граѓаните по собирањето на железничката станица се упатија кон центарот на градот попатно застананувајќи 15 пати – за секоја жртва по еднаш, по што е офорбан во црвена боја Плоштад на слободата на Нови Сад.
Организаторите по едноминутно молчење најавија дека бараат пред се да се отстранат ознаките за тајност од целата документација, и побараа политичка и кривична одговорност за смртта на 15 лица на Железничката станица.
Тие ги повикаа граѓаните во вторник на 3 декември да дојдат пред градското собрание и да ги поддржат советниците кои бараат смена на градоначалникот Милан Ѓуриќ и итен прекин на заплашувањето на активистите и прекин на притисоците врз нив.
-Тоа ги боли, видовме и нема да се откажеме од тоа. Нивните раце се крвави, рече активистката Јелена Божиќ која повика на граѓанска непослушност.
Божиќ посебно ги поздрави учениците од Карловачката гимназија и од гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“, кои на протестот дојдоа во придружба на нивните родители и професори.
Изминативе два дена и професорите и учениците беа изложени на притисоци од управата на гимназијата, бидејќи завчера учествуваа во 15-минутното стоење во спомен на жртвите од трагедијата и како протест со барање одговорните биде казнет.
Граѓаните носат транспаренти со симбол на крвава рака, како и транспарент „Немаше да ја има оваа крв да беше се според законот“.
Организаторите изјавија дека припадниците на жандармеријата од утрово се во Градското собрание и ги повикаа граѓаните да не се доближуваат до Градската куќа.
На демонстрациите присуствуваат и претставници на опозициските политички партии и движења.