Протест денеска одржаа и вработените во Македонски пошти.
Тие во изјава за медиумите посочија дека не бараат покачување, туку редовна плата.
„Не секој 15-ти ние да се плашиме дали ќе имаме плата. Стратегија да се изгради еднаш засекогаш и Владата да заземе став за Македонска пошта. Да се направат реформи во работењето на инситуцијата“, вели вработен.
Тој потсетува дека тие организирале штрајк во месец април каде им биле зголемени платите за 3 илјади денари.
Претседателот на ССМ, Дарко Димоски истакна дека како акционерско друштво во државна сопственост, Македонски пошти треба да функционира бидејќи државата се познава по овие пошти кои го градат имиџот на државата.
Тој додава дека до Владата и менаџерскиот тим ќе поднесат барање со кое се надеваат дека ќе се изнајде решение.
„Затоа како ССМ ќе поднесеме барање уште во вторник на Владина седница, премиерот да нареди до сите функционери да ги користат услугите на Македонски пошти“, вели Димовски.