
Протест во бугарскиот град Монтана против високите цени и ниските приходи
„Протест за правда“, „Против високите цени“, „За зголемување на платите и пензиите“, „БГ без странски војни“ беа само дел од пораките на транспарентите што учесниците ги користеа на протестот.
Мал број на граѓани на бугарскиот град Монтана вчера протестираа на централниот плоштад против високите цени и ниските приходи, јави БТА.
Протестот беше организиран онлајн од активисти во градот и беше одобрен од општината.
„Протест за правда“, „Против високите цени“, „За зголемување на платите и пензиите“, „БГ без странски војни“ беа само дел од пораките на транспарентите што учесниците ги користеа на протестот.
Силвија Иванова, мајка на мало дете која учествуваше во протестот, рече дека прима породилно отсуство во износ од 380 евра, а цените на сè брзо растат и таа мора да се лишува себеси и своето семејство за да се грижи за детето.
80-годишната Николина Григорова реторички праша како со пензија од 400 евра и струја за која плаќа 200 евра месечно може да се живее и да се прехранува со овие високи цени.
Евелина Најденова рече дека има пензија од 330 евра и иако е стара, сè уште работи за да сврзе крај со крај.
Сите говорниците на протестот повикаа на зголемување на платите, пензиите и додатоците за мајчинството, побараа подобро образование и здравствена заштита, неутралност на Бугарија во светските конфликти, поддршка на младите и старите лица итн.
Маргарита Лазарова, една од организаторките на протестот, пред насобраните изјави дека главното барање е правда и повисоки плати, поголемо породилно отсуство и повисоки пензии за старите лица. Тереза Николова, пак, изјави дека живеела во странство и таму, со минимална плата, успеала да заштеди и да им испрати пари на своите роднини во Бугарија, а сега живее тука и е мајка на мало дете со приход од 380 евра. „Цените во продавниците се европски, а платите се далеку од европското ниво“, рече Николова.