Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул

Илјадници Турци протестираа синоќа во центарот на Анкара поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и покрај воведената забрана за одржување масовни јавни настани.

Илјадници Турци протестираа синоќа во центарот на Анкара поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и покрај воведената забрана за одржување масовни јавни настани.

Протестот беше организиран од главната опозициска Народна републиканска партија (БРП) пред окружното претседателство на партијата.

Покрај симпатизери на НРП, на протестот учествуваа и други политички партии, меѓу кои и прокурдската партија ДЕМ, Турската комунистичка партија, Работничката партија, повеќе синдикати, како и млади – студенти и ученици, пренесе БТА.

Учесниците на протестот вееја турски знамиња и скандираа антивладини слогани како „Закон, правда и правда“, „Оставка на владата“.

Лидерот на НРП  Озгур Озел претходно повика на мирни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и покрај забраната на властите.

Забрани за организирање собири од вчера се воведени во Анкара и во Измир. Претходно ваква забрана беше воведена и во Истанбул.