Аналена Бербок – германската министерка за надворешни работи ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“. Бербок ова го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина.
Русија веднаш информираше дека ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Германија. Ова денеска го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија – Марија Захарова.
„Ќе одговориме и на овој злобен чин на германската политичка машинерија“ – рече Захарова.