Просинечки го состави својот идеален тим

Легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки во интервју за „Мондо“ го состави идеалниот тим од фудбалери кои му биле соиграчи во текот на кариерата.

Поранешниот фудбалер на Динамо, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севилја и други клубови, во својот идеален тим не успеа да најде место за голманот на Реал -Франциско Бујо, за Пикси Стојковиќ и Дарко Панчев од Црвена звезда, Хуго Санчез и Емилио Бутрагено кои му беа соиграчи ви Реал, Пеп Гвардиола со кој ја делеше соблекувалната на Барселона и Давор Шукер.

Важно е да се нагласи дека Просинечки беше ограничен по тоа што може да вклучи само еден играч од клуб или репрезентација каде што настапуваше во идеалниот состав.

Топ 11 (4-3-3):

Ведран Руње (Стандард) – Кристобал Парало (Овиедо), Фернандо Иеро (Реал), Славен Билиќ (Хрватска), Роберт Јарни (млада репрезентација на Југославија и Хрватска) – Рафа Паз (Севилја), Ѕвонимир Бобан (Динамо), Сафет Сушиќ (Југославија) – Роналдо Назарио (Барселона), Питер Крауч (Портсмут), Дејан Савичевиќ (Црвена звезда).