Прорускиот лидер на делот од украинската област Доњецк, кој е под контрола на Москва, рече дека руските сили контролираат повеќе од 75 отсто од опколениот град Бахмут.
Битката за Бахмут е една од најтешките во 13-месечната војна.
Регионалниот шеф назначен од Москва, Денис Пушилин, на Телеграм објави видеа од неговата наводна посета на мал рударски град каде што се водат тешки битки.
Тој е виден меѓу урнатините, облечен во панцир, а во позадина се слушаат експлозии. Ројтерс не може самостојно да ја потврди локацијата или датумот на видеото.
„Можам да кажам со апсолутна сигурност дека повеќе од 75 отсто од градот е под контрола на нашите единици“, изјави Пушилин за државниот ТВ канал Росија-24 по посетата, иако предупреди дека е премногу рано да се зборува за падот на Бахмут.
Русија вели дека заземањето на Бахмут ќе ја отвори можноста за идни офанзиви низ Украина, додека Киев и Западот велат дека уништениот град има само симболично значење.
Во видеото од неидентификувана подземна локација, Пушилин им оддаде почит на борците на платеничката војска на Вагнер што го предводеа нападот на Бахмут.
The head of the so-called DPR, Denis Pushilin, arrived in #Bakhmut and said that Russia is "liberating" the town while the Ukrainian military is destroying it to the ground. #RussianWarCrimes #StopRussianAggression pic.twitter.com/nV9l4NAnHx
— UkraineWorld (@ukraine_world) April 10, 2023