Проруска хакерска група нападна веб-страници на неколку дански институции

Интернет-страниците на неколку дански институции и компании од областа на одбраната беа мета на хакерски напад, соопшти денеска Службата за цивилна безбедност на Данска

Интернет-страниците на неколку дански институции и компании од областа на одбраната беа мета на хакерски напад, соопшти денеска Службата за цивилна безбедност на Данска.

Одговорноста за хакерските напади ја презеде проруската хакерска група „НоНејм057“ (NoName057).

Според Службата, сајтовите биле мета на ДДоС напади.

„НоНејм057“ на социјалните мрежи објави дека ги нападнала веб-страниците на одредени дански институции, меѓу кои и Министерството за транспорт и административниот сајт „borger.dk“, како и компанијата за одбранбена индустрија „Терма“.

Истите хакери вчера презедоа одговорноста за кибер напад врз веб-страниците на неколку дански општини, помалку од една недела пред локалните избори во Данска, која е еден од најголемите поддржувачи на Украина.