Пропаѓа опцијата за средба: Ќе се разминат Блинкен и Лавров во Скопје

Блинкен, кој во моментов учествува на неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“, според најавите, се очекува веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, да се упати кон Меѓународниот аеродром „Скопје“ и да замине од земјава. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак, според најавите, нема да слета во Скопје пред 22:30 часот, што е по времето во кое се очекува да замине Блинкен
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој доцна попладнево пристигна во Скопје, по што оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се очекува уште вечерва, неколку часа по доаѓањето, да ја напушти земјава.

Блинкен, кој во моментов учествува на неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“, која му претходи на официјалниот старт на Министерскиот совет на ОБСЕ, според најавите, се очекува веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, да се упати кон Меѓународниот аеродром „Скопје“ и да замине од земјава.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак, според најавите, нема да слета во Скопје пред 22:30 часот, што е по времето во кое се очекува од земјава да замине американскиот државен секретар.