Повторно пропадна камион во партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Претпоставките се дека камионот учествувал во подготовките на манифестацијата „Пиволенд“ што треба да се одржи на Плоштадот.
Во 2017 година непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион пропадна во партерната фонтана на плоштадот.
Следната слична случка беше во март 2021 кога на плоштадот се преврте машина за чистење. Таа пропадна во голема дупка на плочникот.