Пронајден мртов 33-годишен маж во стан во центарот на Скопје

Скопјанец на возраст од 33 години вчера попладне бил пронајден мртов во стан во близина на градскиот стадион и паркот на Франкофонијата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 01.05.2023 во 14:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул. „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ починал С.С. (33) од Скопје“, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.