Пронајден Алексеј Навални

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е преместен во казнена колонија во северозападен Сибир, соопшти неговиот тим, две недели откако објавија дека изгубиле контакт со него.

„Го најдовме Алексеј“. Сега е во ИК-3 во населбата Харпа во автономниот округ Јамало-Ненец“, напиша на социјалната мрежа Х неговата портпаролка Кира Јармиш.

Таа рече дека адвокатот на Навални го посетил порано денеска и дека затворениот активист е „добро“, пишува Си-Ен-Ен.

Адвокатите на Навални на 11 декември рекоа дека изгубиле контакт со него бидејќи неговата локација и состојбата не се познати. Дотогаш бил затворен во казнена колонија на околу 150 милји источно од Москва.

Тој беше осуден на 19 години затвор во август, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и многу други злосторства.

Поддржувачите на Навални тврдат дека неговото апсење и затворање се политички мотивиран обид да се задуши неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.